Деонтај Вајлдер го отпушти човекот кој го фрли пешкирот и ја запре борбата со Фјури

Деонтај Вајлдер во саботата беше поразен од Тајсон Фјури во Лас Вегас со технички нокаут во седмата рунда.

Американецот на тој начин ја загуби светската титула во ВБЦ, а борбата ја прекина тренерот Марк Бреланд, кој реши да фрли крпа во седмата рунда, со што го прекина тепањето на неговиот борец.

Сепак, Вајлдер е крајно лут што ја прекинаа борбата. Тој не му простил на Бреланд за оваа одлука и решил да го отпушти.

Значи, тие повторно нема да соработуваат. За нова пресметка против Фјури, која веднаш ја најави, тој ќе има нов тренер, и ќе видиме кој ќе биде.

Вајлдер одлучи да ја искористи можноста да активира клаузула за реванш во неговиот договор и треба да гледаме во нова борба со кралот на Циганите до крајот на годината.

На бронзениот бомбардер овој пораз од Фјури е прв во неговата кариера со уште 42 победи (41 нокаут) и едно реми.