Депај за само неколку минути ги возбуди навивачите на Барселона 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона играат пријателски меч против Жирона, а ова ќе биде уште еден тест за избраниците на Роналд Куман пред почетокот на новата сезона.

Каталонците до предност стигнаа по 21 минута игра, кога прецизен од белата точка беше Жерар Пике, а само три минути подоцна Барселона зголеми на 2-0, и тоа преку Реј Менај.

Свое деби вечерва за Барселона запиша и Мемфис Депај, кој влезе во игра при крајот на првото полувреме, а по само неколку минути на теренот успеа да ги воодушеви навивачите на каталонскиот гигант.

Холанѓанецот пристигна како слободен фудбалер од Лион и покажа дека би можел да биде големо засилување за следната сезона на Барселона.