Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Ферари влегува во трката во Монте Карло со доза претпазливост, иако минатата година славеше на оваа легендарна патека.
Перформансите на тимот во првите седум круга на сезоната 2025 беа под очекувањата, а во моментов го заземаат четвртото место во конструкторскиот шампионат, што не е во согласност со амбициите на тимот од Маранело.
Најголемиот проблем на Ферари оваа сезона е темпото во квалификациите, сегмент што е клучен токму во Монте Карло, каде што стартната позиција е речиси пресудна, бидејќи претекнувањето на патеката е практично невозможно.
На последната трка во Имола, ни Шарл Леклер ни Луис Хамилтон не успеаја да влезат во третиот дел на квалификациите (Q3), иако подоцна во трката успеаја да обезбедат поени.
Шарл Леклер, кој минатата година триумфираше во Монте Карло пред домашна публика, нема големи очекувања оваа година:
„Ќе биде многу тежок викенд. Мислам дека Монте Карло ќе открие многу слабости на нашиот болид. Има и фактори што не можеш да ги предвидиш, особено во квалификациите каде што ризикуваш многу. Болидот е прилагоден на сосема поинаков начин, па се надевам дека можеби ќе нè изненади“, рече Леклер.
За Луис Хамилтон ова ќе биде прво настапување во Монте Карло за Ферари, но и за него постои доза на неизвесност.
Фото: Принтскрин
.