Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар денеска на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе го пречека Работнички во скопското дерби, а може да се каже дека „црвено-црните“ се огромен фаворит во денешната пресметка.
Екипата од Дебар Маало се соочува со катастрофални резултати сезонава, па се наоѓаат на последната позиција во македонската Прва Лига, додека Вардар е првопласиран на табелата со 24 бодови, колку што има и Академија Пандев.
Вардар може да се пофали со одлични настапи сезонава во македонската лига, во која запиша само еден пораз, но има и три нерешени натпревари, како и седум победи.
Во меѓусебните средби на двата скопски тимови, Вардар е поуспешен затоа што има три победи, Работнички има само една, а еден меч завршил реми.
Да потсетиме, мечот меѓу Вардар и Работнички се игра денеска на Националната Арена „Тодор Проески“ од 13.30 часот.