Дешам го испофали Бензема: Ни треба таков фудбалер за да славиме во големи натпревари!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Франција го освои трофејот во Лига на нации откако ја совлада Шпанија со 2-1, а селекторот Дидие Дешам им честиташе на своите фудбалери за големиот успех.

За репрезентацијата на „галските петли“ во листата на стрелци се запишаа Карим Бензема и Килијан Мбапе.

„Многу сум горд. Имаме одличен тим и вистински менталитет. Бензема е еден од нашите најдобри фудаблери и тој беше одличен во двата натпревари. Има желба за победа, која ја пренесува на другите играчи. Ни треба таков фудбалер за да остваруваме победи во големи натпревари“, вели Дешам.

Бензема неодамна се врати во репрезентацијата на Франција и им покажа на сите колку ѝ недостигал на неговата селекција во нападот.