Дешам откри зошто Бензема не играл на СП во Катар


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Селекторот на Франција, Дидие Дешам кажа зошто не му дал шанса на Карим Бензема на Светското првенство (СП) во Катар.

Бензема пред Мундијалот испадна од тимот поради повреда, но се рехабилитира до почетокот на нокаут-фазата, меѓутоа Дешам не го повика во составот.

Наводно поради притисок на другите фудбалери, Дешам решил да не го повика, но тој сега во разговор со „Ле Паризиен“ откри што се случило.

„Постои само една вистина и таа ја знае Карим. Ни се приклучи на 14 ноември по повреда. Работеше на посебна програма, неговото враќање во репрезентацијата беше одложен. Не беше сигурен дали може да го почне дуелот против Австралија. Кога се повреди, нашиот доктор го однесе на прегледи, по што ги добив извештаите. Карим беше лут затоа што му значеше Мундијалот. Ми кажа дека е разочаран, но мора да замине. Тоа беше негова одлука и јас ја почитувам“, вели Дешам.