Детал кој малкумина го забележаа: Леброн му оддаде почит на Коби (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


НБА-тимовите се подготвуваат за рестартот на сезоната, па во Орландо веќе некое време се играат подготвителните натпревари.

Синоќа Лос Анџелес Лејкерс се пресметаа против Орландо, а Леброн Џејмс одигра 25 минути и постигна 20 поени.

Вчерашниот меч Џејмс го одигра со детал на прстот кој малкумина го забележаа. Тој вчера носеше лента со бројот 24 во чест на Коби Брајант.

Од несреќата на Коби на крајот на јануари, Џејмс секогаш пронаоѓаше начин за да му оддаде почит на големиот ривал од минатото.

Тој носеше ракавици, останати стегачи, а често можевме да го забележиме во дресот на Коби итн.