Детали од преговорите со Фиорентина: Реал Мадрид ќе плати за да си замине Јовиќ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид сака да се ослободи од Лука Јовиќ, кој не ги оправда очекувањата, па како негова следна дестинација се споменува Фиорентина, а во медиумите се појавија и детали од преговорите.

Проблемот за преселба во Италија е огромната плата на Јовиќ во шпанскиот гигант, а Фабрицио Романо објави дека Фиорентина е подготвена да плати само три милиони евра од годишната плата.

Тоа значи дека Фиорентина ќе може да му даде само половина од парите кои ги заработува во Реал, додека „кралевите“ ќе мора останатата половина да му ја исплаќаа за време на позајмицата во Фиренца.

Србинот сака да игра за да се избори за место на Мундијалот во Катар, па заминување од Мадрид е најдобро решение за него во моментов.