Детали за прекинот на француската лига 1: ПСЖ веќе слави, што ќе биде со Европа?

Извршниот одбор на Фудбалската лига на Франција утре ќе разговара за судбината на сезонава. Премиерот на државата Едуар Филип соопшти дека сезоната не може да продолжи и дека до септември нема да постојат услови за големи спортски случувања.

Минатата недела тие објавија дека Лига 1 и Лига 2 ќе продолжат на 17 јуни, а УЕФА постави рок до 25 август за завршување на домашните лиги, но одлуката на премиерот на Франција дефинитивно ги уништи тие планови.

Затоа утре ќе се разговара и ќе се стави точка на француското првенство. Според податоците од земјата се разгледуваат три модели за завршување на актуелната сезона, а во секој од нив доминира ПСЖ, кој најверојатно ќе ја добие титулата бидејќи има 12 бодови повеќе од Олимпик Марсеј.