Деталите од трансферот на Ѓулер во Реал Мадрид


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Турскиот талент Арда Ѓулер се сели во Реал Мадрид и трансферот ќе биде потврден во следните денови, а за истиот шпанскиот тим ќе издвои 20 милиони евра плус бонуси.

„Кралевите“ ќе треба да исплатат и провизија на менаџерот на Ѓулер, а тоа е неговиот татко, но засега не се открива сумата која ќе ја добие.

Фенербахче ќе добие 20 отсто од следната продажба на Ѓулер, кој уште летово ќе пристигне во Мадрид, иако имаше шпекулации дека тоа ќе се случи дури во 2024 година.

Договорот меѓу двете страни е потпишан на шест години, а Ѓулер се очекува да биде предводник на „кралевите“ во иднина, по заминување на Лука Модриќ и Тони Крос, кои уште по една сезона ќе останат во Мадрид.