Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Баерн Минхен подготви уште една трансфер бомба. Германскиот шампион започна потрага по ѕвездата на Ливерпул, Луис Дијаз.
Луис Дијаз е новата мета на минхенскиот Баерн. Баварците бараат крилен напаѓач и решија да тропнат на вратата на Ливерпул.
Иако сè уште немаат испратено официјална потврда, 28-годишниот Колумбиец е прв избор на германскиот шампион. Преговорите би можеле да започнат многу брзо.
Пишувањата на германските медиуми ги потврди и трансфер гуруто Фабрицио Романо. Тој имаше конкретни информации за интересот за Дијаз.
„Можам да ја потврдам информацијата која денес ја објави Билд. Баерн се обрати на луѓето кои се грижат за кариерата на Луис Дијаз”, наведе Романо и додаде:
„Немаше никаква официјална понуда, само разговори. Баерн сака да ја види комплетната ситуација околу фудбалерот. Ќе видиме што ќе се случи, но трансферот не е нереален“, вели тој.
Покрај Дијаз, Баварците се поврзуваат и со Габриел Мартинели од Арсенал и Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед, но засега нема официјални понуди.
Луис Дијаз е член на Ливерпул од 2022 година. Доаѓа од Порто за 54 милиони евра.
Со договор за Црвените е врзан до летото 2027 година, а за англискиот шампион одигра 148 натпревари со учинок од 41 гол и 23 асистенции.
Фото: Принтскрин