Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид вчера го елиминираше Ливерпул од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) благодарение на триумфот во првиот меч од 3-1, па сега го чека дуел против Челси.
„Кралевите“ пред натпреварот со Ливерпул имаа сериозни проблеми со повреди и здравјето на играчите, па Зинедин Зидан мораше да направи одредени промени во екипата.
Во дефанзивниот дел не можеа да настапат Серхио Рамос, Дан Карвахал и Рафаел Варан, а мечот го пропушти и Лукас Васкез.
Не беше сигурно ниту дека Федерико Валверде ќе настапи, зашто имаше повреда на зглобот, но сепак реши да ѝ помогне на својата екипа, а неговата девојка објави како изгледала неговата нога.
„Фотографијата е направена денеска. Не сакаше ништо да стави на неа додека не заврши мечот. Знам дека ќе ми се налутиш што ќе го објавам ова, но морав. Ти си наша гордост“, порача девојката.
Esto fue hoy a la tarde. No quería poner nada hasta que terminase el partido y seguro después me retes por publicarla, pero debo hacerlo igual porque es tu esfuerzo y nadie te regalo nada. Día y día pinchándote para estar firme y hoy cumpliste más que nunca
— Mina Bonino (@Minabonino) April 14, 2021
Sos nuestro orgullo pic.twitter.com/PnZjOpx3jJ