Девојката на Дибала: Не знам кој ви кажа дека Пауло пак е позитивен на вирусот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голем дел од европските медиуми во текот на вчерашниот ден објавија дека фудбалерот на Јувентус, Пауло Дибала повторно е позитивен на коронавирусот.

Меѓутоа, неговата девојка Ориана Сабатини објави дека нејзиното момче воопшто не се тестирало повторно на вирусот.

„Пауло не е позитивен. Мора да направи тест, па потоа ќе видиме. Не знам од каде ви се тие информации? Соопштивме дека е позитивен и на сите ќе ви кажеме кога ќе биде негативен тестот“, објасни таа.

Дибала е еден од тројцата фудбалери на Јувентус, кои се заразени со вирусот, а пред него оздравеа успешно Даниеле Ругани и Блез Матуиди.