Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Марија Луиза Јакобели, девојката на еден од најдобрите фудбалери во светот, Килијан Мбапе, ужива на натпреварите од Европското првенство (ЕП), но не навива за Франција.
Марија е ќерка на познатиот спортски новинар и директор на „Тутоспорт“, Хавиер Јакобели, па секако таа дава поддршка за Италија на ЕП и засега има причини зошто да биде задоволна.
Иако е во врска со Мбапе, сепак натпреварите на Франција таа ги следи само поради него и призна дека Италија е во нејзиното срце, додека не ја интересираат резултатите на Франција.
Напаѓачот на ПСЖ и седум години постарата Италијанка веќе неколку месеци се во врска, но јавно не објавија заеднички фотографии.
Мбапе со Франција во првите две кола на ЕП освои четири бода, откако славеа против Германија со 1-0, но вчера во Будимпешта одиграа 1-1 против Унгарија.
Тоа очигледно ќе биде решавачки меч, зашто Германија ја совлада Португалија и сега може секоја репрезентација да обезбеди место во осминафиналето.