Џабе потрошените пари на засилувања: Барселона го доби најболниот удар од Ла Лига


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона потроши многу пари ова лето на засилувања, иако имаше финансиски проблеми, па сега се обидува да ги регистрира за следната сезона, но лоша вест им доаѓа од шпанската Ла Лига.

Ова лето каталонскиот гигант потроши повеќе од 150 милиони евра, но Барселона не може да ги регистрира Роберт Левандовски, Рафиња, Жил Кунде, Франк Кеси и Андреас Кристенсен.

Ист е случајот со Осман Дембеле и Серхи Роберто, кои потпишаа договори по крајот на сезоната, а овој удар доаѓа на само осум дена пред почетокот на сезоната.

Барселона во моментов води трка со времето и сега мора да продава фудбалери за да ослободи дел од буџетот, а тоа најверојатно ќе значи и заминување на Френки Де Јонг.