Џампаоло денеска прими три повици од раководството на Милан


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Сега веќе поранешниот тренер на Милан,Маро Џампаоло примил три повици од раководството на Милан ова утро.

Денеска и официјално стана јасно дека Џампаоло повеќе нема да ги води „росонерите“, а оваа одлука телефонски му ја соопштиле тројцата први луѓе на клубот.

Најпрво го контактирал Фредерик Масара, потоа Паоло Малдини, а последен му се јавил Звонимир Бобан и сите му заблагодариле за неговата досегашна работа.

Милан е вториот клуб кој ја искористи репрезентативната пауза за да смени тренер во Италија. Претходно тоа вчера го стори Сампдорија која му врачи отказ на Еузебио Ди Франческо.