Џампаоло ги налути навивачите: Навивав за Интер, но не сум „тројански коњ“!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Марко Џампаоло летово пристигна на кормилото на Милан, но во моментов е под голем притисок, откако италијанскиот тим запиша четири порази на шест меча, па дуелот против Џенова би можел да биде пресуден за неговата иднина.

Џампаоло имаше интервју за италијански медиуми, а откри дека како момче навивал за Интер, градскиот ривал на „росонерите“, а исто така кажа дека никогаш нема да даде отказ во Милан.

„Работиме на тоа да бидеме подобро. Утринава трениравме уште во осум часот… велам дека работиме многу, па ќе најдеме решение за проблемите. Да поднесам оставка? Никогаш! Тоа значи откажување, а јас не сум таков. Реков дека навивав за Интер до својата 10 година, но не сум тројански коњ“, вели Џампаоло.

Криштоф Пјонтек минатата сезона постигна 30 гола, но сезонава „заглави“ на само два гола по шест кола, но сепак Џампаоло вели дека напаѓачот наскоро ќе ја пронајде голгетерската форма.