Џеди Осман ги одбил Лејкерс за да потпише за Панатинаикос


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Турскиот кошаркар, кој е роден во Охрид, Џеди Осман имал можност да остане во НБА-лигата, но ја одбил понудата на Лос Анџелес Лејкерс.

Осман реши да се врати во Евролигата, каде што во иднина ќе го носи дресот на грчкиот гигант Панатинаикос.

„Еурохупс“ објави дека 29-годишниот кошаркар добил понуда од Лејкерс, но Осман ја одбил затоа што не бил задоволен од условите.