Џејмс се спореди со Шекил, а Дејвис со Коби!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс е на добар пат да ја освои шампионската титула во НБА-лигата бидејќи води со 2-0 против Мајами хит, иако уште ништо не е готово.

Новинарите по мечот му поставија прашање на Леброн Џејмс и го прашаа за споредбите со легендарното дуо на Лејкерс, Шекил О’Нил и Коби Брајант.

„Бев во средно училиште и ги гледав Коби и Шек, можеби најдоминатното дуо во кошарката. Знаеме сите што им донесе Шек, но елеганцијата на Коби само ја дополни играта. Среќен сум што ме споредуваат со тие два гиганти. Ако ја погледнете силата, брзината која ја имаше Шек и ако ја погледнете мојата, тогаш може да направите споредба. Играта на Дејвис ме потсетува повеќе на Коби“, вели Леброн.