Џејмс стана прв кошаркар во НБА со 40.000 поени (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Леброн Џејмс испиша историја во дресот на Лос Анџелес Лејкерс откако стигна до 40.000 поени во НБА-лигата.

Лејкерс го загуби натпреварот против шампионот Денвер со 114-124, но тоа не го спречи Џејмс да се израдува на историски успех.

Џејмс го заврши мечот со 26 поени и беше најефикасен кај Лејкерс, додека Јокиќ блесна во редовите на Денвер со 35 поени и 10 скокови.