Џејсон Кид ги презема Никс?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Њујорк Никс бараат нов тренер.

Во канцелариите на франшизата на Њујорк се навистина зафатени деновиве бидејќи клубот спроведува интервјуа со голем број кандидати за едно од најжешките клупи во НБА.

По Мајк Браун, дојде ред на еден од најдобрите плејмејкери во лигата на сите времиња, и поранешниот тренер на Милвоки Бакс и Бруклин Нетс, Џејсон Кид, кој во моментов е еден од помошните тренери во ЛА Лејкерс.

Кид доби дозвола од Лејкерс да преговара со Никс и, наводно, оставил најдобар впечаток кај управата на оваа франшиза. Кид ја помина сезоната 2013/14 на клупата на Бруклин, а од 2014-2018 година ги водеше Милвоки Бакс.