Џеко ја цитираше ќерката и откри зошто потпиша нов договор


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Последните месеци во италијанската јавност постојано се говореше за судбината на Џеко и се веруваше дека неговиот трансфер во Интер е завршена работа и дека прашање беа само деновите кога тој ќе завршеше на Меаца.

Сепак на крај на изненадвуање на сите, Џеко потпиша нов договор со Рома и стави точна на гласините.

Најмногу на оваа одлука веројатно влијаеше фамилијата на Џеко, а тоа тој го откри и за Рома ТВ.

„Многу пати реков и ќе повторам пак. Во Рим мојата фамилија и јас се чуствуваме одлично. Сите сме среќни, посебно мојата сопруга, а потоа и децата кои се родени овде. Еве, кога неодамна бевме на одмор, ќерката Уна постојано говореше да си одиме дома во Рим“, раскажа Џеко.

Новиот договор на Џеко со Рома важи до 2022. година, а италијанските медиуми пишуваат дека со 4.5 милиони евра по сезона, воедно тој ќе биде најспак играч во тимот, а исто ќе добива и бонуси во зависност од индивидуалниот учинок.

Џеко во Рома е од 2016. година кога пристигна од Манчестер Сити.