Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Босанскиот интернационалец Един Џеко ќе го продолжи договорот со Интер на уште една сезона, иако има 38 години.
„Газета дело Спорт“ објави дека Босанецот без разлика на неговата вредност ќе игра за плата од пет милиони евра годишно плус бонуси.
Интер оваа сезона остана без титула во Серија А, но на добар пат е да обезбеди финале во Лигата на шампиони (ЛШ) и таму да се бори за пехарот.
Џеко за Интер досега одигра 96 натпревари и притоа постигна 31 гол и 15 асистенции.