„Џеко во Интер? Значи следната сезона нема да биде ср*ње“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако Италијанците пред неколку дена информираа дека трансферот на Един Џеко во Интер е готова работа, сеуште нема официјална потврда, а последните денови се шпекулира дека клубовите сеуште се немале договорено околу висината на обесштетувањето.

Сепак, без обзир на се, треба да се очекува да го видиме Џеко во нов дрес од следната сезона, а еден од оние кои се радуваат на тоа е некогашниот напаѓач на милан, Наполи и Јувентус, Жозе Алтафини.

Тој смета дека Серија А веќе нема да биде неинтересна, а освен за Џеко говореше и за Конте.

„Конте е одлично засилување на Интер, а Џеко во Милано би бил многу ценет. Следната сезона би била одлична, а не ср*ње како претходните осум години“, изјави Алтафини за Радио Спортива.

Инаку освен за Џеко, Интер се интересира и за Ромелу Лукаку, а исто така занимливо ќе биде да се види и судбината на Мауро Икарди.