Џерард конечно ја презема Астон вила


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Стивен Џерард се враќа во Премиерлигата, но овој пат како тренер на Астон вила, која денеска потврди нешто за што се пишуваше во претходните денови.

Џерард минатата сезона беше шампион на Шкотска со Ренџерс без загубен натпревар во лигата, а Астон вила го претстави како стратег кој сака атрактивен и напаѓачи стил на фудбал.

„Астон вила е клуб со богата историја и традиција во англискиот фудбал и горд сум што станав стратег на ваква екипа. Во разговорите кои ги имав со газдите и раководството ми стана јасно дека клубот има големи амбиции и планови, а јас сакам да работам токму на такво место“, кажа Џерард.