Џерард останува на „Иброкс“ – потпиша нов договор!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот тренер Стивен Џерард го продолжи договорот со шкотскиот тим Ренџерс. Тие први му дадоа шанса на поранешниот фудбалер да стане тренер и тоа во 2018 година.

Од тогаш сопствениците очигледно се задоволни со резултатите кои ги постигнува легендата на Ливерпул, па Ренџерс се наоѓа на второ место во шкотското првенство, а поради тоа решија да го наградат со нов договор.

Новата соработка е потпишана на пет години, што значи дека Џерард на „Иброкс“ ќе остане барем до 2024 година.

Да потсетиме, пред да почне со овој ангажман, Џерард работеше како тренер во младинските категории на Ливерпул, а се надева дека еден ден ќе може да се врати на „Енфилд“ и како главен тренер.