„Џиџи, не беше само најдобар голман, туку многу повеќе од тоа!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џанлуиџи Буфон реши да ја заврши кариерата на 45-годишна возраст, иако имаше договор со Парма до крајот на следната сезона.

Буфон ја почна кариерата во Парма, каде што стави крај и замина во пензија, а притоа играше и за Јувентус, но и ПСЖ.

„Џиџи, тешко е да се пронајдат вистински зборови. Неверојатно е тешко да се зборува за фудбал кога си заминува еден од најдобрите. Овој пат реши засекогаш да го затвориш ова поглавје и да се пензионираш. Ти не беше само најдобар голман, туку многу повеќе од тоа“, велат од Јувентус.