Џинобили уште една година во Спарс


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Изгледа дека Спарс уште една година ќе може да смета на Аргентинецот.

Ману Џинобили ќе остане уште една година во НБА и се разбира дека во Сан Антонио Спарс.

Тој на први јули беше слободен агент, а според Спортс Илустрал, Ману одлучил уште една година да игра кошарка.

Џинобили има 38 години, а сите 14 години ги помина во Сан Антонио.

Четири пати го освои прстенот, а во текот на кариерата има учинок 14 поени, 4 асистенции и 3.7 скока.