Џон Оби Микел го промени името – Сега се вика Џон Оби Микел


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Моравме да се вратиме во 2003-та година за да објасниме за што се работи.

Целото име е Џон Мајкл Нчеквубе Обиња. И административната грешка на фудбалскиот сојуз на Нигерија ја здогледа на СП до 17 години во 2003-та година. Наместо Мајкл, младиот Џон Оби бил пријавен како Микел.

И никој тоа не би го дознал да не се појавеше следната вест: фудбалерот Џон Оби Микел официјално го промени името. Сега се вика Џон Оби Микел.

Се разбира, финтата е во тоа што неговото вистинско име досега беше Џон Оби Мајкл, но таа грешка по која беше прекрстен Микел му се допадна, па реши да го задржи новиот имиџ. Само што никој не знаеше дека се работи за грешка.