Џордан донираше 10 милиони долари за неговиот роденден


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот кошаркар во историјата, Мајкл Џордан утре ќе го прослави 60. роденден, а по тој повод реши да донира 10 милиони долари на хуманитарната организација „Мејк а виш“.

Организацијата досега нема примено таква донација од индивидуа по нејзиното создавање, па ќе се памети уште долго овој потег на Џордан.

„Ми беше чест да бидам партнер со организацијата, при што помагавме да се донесе насмевка на многу деца“, кажа поранешниот шампион во НБА-лигата.

Џордан почна да соработува со организацијата пред 34 години, а претходно донираше околу пет милиони долари во истиот период.

„Не можам да замислам подобар роденденски подарок од тоа како други ја поддржуваат организацијата“, вели Џордан.