Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сем Смит, колумнист на „Њујорк Тајмс“ и човек кој ја познава НБА-лигата, откри интересен настан од минатото меѓу Мајкл Џордан и Хорас Грент.
Џордан и Грент беа соиграчи во Чикаго булс од 1987 до 1994 година и за тоа време освоија три титули.
„Играчите ми раскажуваа многу работи во текот на годините, па така во еден момент ми раскажаа дека Џордан му ја земал храната на Грент затоа што играл многу лошо. дури и на стјуардесите им било забрането да му донесат било каква храна затоа што тој не заслужил да јаде“, кажа Смит.
Грент потоа замина во Орландо меџик, а во кариерата настапуваше уште и за Сиетл Суперсоникс и Лос Анџелес лејкерс.