Џордан пукнал од љубомора, Пипен завршил во кревет со Мадона!

По емитувањето на документарецот „Последниот танц“ се крена голема прашина, а Скоти Пипен му беше лут на Мајкл Џордан поради начинот на кои некои работи биле прикажани.

Помошникот тренер на Чикаго булс, Џони Бах раскажа една интересна приказна во која Џордан му бил љубоморен на Пипен поради Мадона.

„То го уништи Џордан. Требаше да видите какви девојки го чекаа Пипен да се појави било каде. Кога Чикаго ќе заминеа во Лос Анџелес, Мадона излегуваше со Скоти во лимузина. На Џордан тоа не му се допаѓаше затоа што Мадона беше една од најпознатите жени во светот. Зборуваше дека може да ѝ понуди многу повеќе задоволства од Скоти, но таа му кажа дека нема шанси за такво нешто“, вели Бах.