Џордан си купи автомобил од три милиони долари, кој има брзина од 482 км на час (Фото)

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Мајкл Џордан се почести со нов луксузен автомобил за три милиони долари, а станува збор за „Хенеси Веном Ф5“.

Автомобилот има 1.817 коњски сили и достигнува брзина од 482 км на час, а ова ќе биде уште луксузно возило во колекцијата на поранешниот кошаркар.

Џордан веќе си купи Бугати, Бентли, неколку модели на Ферари и Мерцедес.