Џорџ и Ленард ги соборија Дончиќ и Порзингис, Харден ги „реши“ Лејкерс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синоќа се одиграа неколку интересни натпревари од продолжението од НБА-лигата во Орландо.

Големо внимание привлече дуелот меѓу Далас Маверикс и Лос Анџелес Клиперс, кој на крајот Клиперс славеа со 126:111.

Лука Дончиќ синоќа одигра квалитетен натпревар, но ниту тој ниту Кристап Порзингис не успеаја да му донесат победа на Мавс против еден од најголемите фаворити за прстенот во НБА. Во поразот, Дончиќ постигна 29 поени со шест асистенции и ’само’ три скока. Порзингис имаше 30 поени, девет скока и пет асистенции.

Кавај Ленард постигна 29 поени за победничкиот тим и Пол Џорџ 24 со седум скока и шест асистенции. Ивица Зубац одигра важна улога со дабл-дабл ефект од 21 поен и 15 скока.

И за крајот на вечерта уште еден фантастичен дуел. Џејмс Харден повторно беше човек на одлука за Хјустон во победата над Лос Анџелес Лејкерс (113:97).

Брадата постигна 39 поени со осум скока и 12 асистенции, додека Меклемор постигна 20 поени. Кајл Кузма беше најефикасен кај Лејкерси со 21 поен, а Ентони Дејвис забележа скромни 17 со 12 скокови.