Џошуа: Ќе бидам подготвен за Фјури во декември!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британскиот боксер Ентони Џошуа кажа дека во декември ќе биде подготвен да се бори против сонародникот Тајсон Фјури, кој претходно го предизвика за „Битка за Британија“.

Фјури е сопственик на ВБЦ-појасот во тешка категорија, а во моментов е во пензија од која планира наскоро да излезе.

„Џошуа, знам дека неодамна загуби од Усик и немаш планови, па подготвен сум да се борам со тебе за ВБЦ-титулата во следните месеци. Подготвен си, излезе од борба од 12 рунди и ако си заинтересиран, ќе одредиме датум и ќе се бориме“, кажа Фјури

По тоа пристигна позитивен одговор од Џошуа, кој се согласи на такво нешто.

Фјури во кариерата има 33 борби и 32 победи, како и едно реми против Деонтај Вајлдер.