Џошуа заврши во карантин поради Ковид-19!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светскиот шампион во бокс, Ентони Џошуа заврши во самоизолација поради страв дека има коронавирус.

Тој мал контакт со принцот Чарлс, на кого му било константирано присуство на коронавирусот, а токму Џошуа во последно време имал контакт со него.

Џошуа на деветти март бил во друштво на кралското семејство и имал контакт со него.

„Џошуа е дома и ги следи упатствата од владата. Се чувствува добро и им посака на сите да оздрават побрзо“, соопштија од тимот на боксерот.

Џошуа требаше на 20 јуни а се бори во Лондон и тоа против Кубрат Пулев, но борбата поради пандемијата не е јасно дали ќе се одржи.