Ди Марцио најави: Пандев се враќа во Интер!? (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џанлука Ди Марцио објави дека Интер би можел да го ангажира македонскиот капитен Горан Пандев пред крајот на овој преоден рок. Според италијанскиот експерт, „нераѕурите“ бараат напаѓач кој ќе биде квалитетна замена за Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез, па токму нашиот фудбалер е идеален избор.

Пандев стана прв избор на управата на Интер, иако тие го посакуваа и Оливие Жиру, но Французинот е многу поскапа верзија, па поради тоа клубот од Милано сака да го врати својот поранешен напаѓач.

Интер, наводно, планира да му понуди договор на Пандев до крајот на сезоната, а засега не се откриваат финансиски детали, кои би му биле понудени на македонскиот фудбалер.