Ди Марцио со нови информацииза трансферот на Ериксен: Прашање на време е кога…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Угледниот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио даде коментар за евентуалниот трансфер на Кристијан Ериксен во редовите на Интер.

Новинарот на „Скај Италија“ пренесе дека играчот е многу блиску до трансфер на „Џузепе Меаца“ и прашање на време е кога трансферот ќе се реалзиира.

„Мислам дека тој ќе се пресели во Интер. Се зависи од парите. Леви бара 21 милиони евра, но Интер нуди 15 милиони евра. Можеби ќе најдат согласност некаде на средината. Ериксен ги има договорено личните услови со Интер и затоа прашање на време е кога трансферот ќе се реализира“ –изјави Ди Марцио на колегите новинари од Англија.