Ди Марија се враќа назад во Примера: Дилемата е во кој од најголемите ривали на „Кралевите“…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на ПСЖ, Анхел Ди Марија би можел да се врати во Шпанија, но не во Реал Мадрид чиј дрес со успех го носеше, туку во редовите на ривалот Барселона или пак, мадридски Атлетико.

Шпанскиот весник, Дон Балон пишува дека првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи гледа добра зделка во продажбата на аргентинскиот фудбалер ова лето и сака да ги врати вложените 63 милиони евра од трансферот од Манчестер Јунајтед.

На преминувањето во Барселона работи и соиграчот на Ди Марија од репрезентацијата и голем пријател, Лео Меси кој не крие дека долго сака да го види на „Камп Ноу“, но голема улога ќе одигра уште еден Аргентинец – тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.

Сепак, приоритет на Ди Марија е да игра покрај Меси и стане еден од ретките играчи кои ги носеле дресовите на двата најголеми клуба во Шпанија, покрај асовите како што беа Луис Фиго, Роберт Просинечки, Самјуел Ето, Луис Енрике…

Ди Марија играше за Реал Мадрид во периодот од 2010. до 2014. година кога даде голем печат на освојувањето на Лигата на шампионите, малку пред заминувањето во Јунајтед, покрај титулата во Примера, двата Купа на Кралевите и Суперкуповите на Шпанија и Европа.