Дианесу со два гола го однесе Вардар во четвртфинале во Купот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар славеше со 2-0 против Тиквеш на Националната арена „Тодор Проески“ и обезбеди четвртфинале во Купот на Македонија.

Двата гола беа дело на Дианесу, кој најпрво во 76. минута погоди за предност од 1-0 на „црвено-црните“, а потоа во судиското надополнување ја потврди победата на Вардар.

На останатите натпревари Струга славеше против Македонија ЃП со 2-0, Шкендија против Шкендија Арачиново со 1-0, Гостивар против Брегалница 1-0, а Брера Струмица ја надигра Беса со 2-0.