Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дибала беше близу до преминување во Манчестер Јунатед, а потоа и Тотенхем, но затоа што преодниот рок во Англија веќе заврши, Аргентинецот дефинитивно нема да оди на Островот, но и понатаму е близу до заминување од Јувентус.
ПСЖ стана прв фаворит за доведување на Дибала, па на овој начин францускиот првак ќе го надокнади можното заминување на Нејмар, а познато е дека Бразилецот е се поблиску до враќање во Шпанија.
Николо Шира од Gazzette dello Sport напиша дека е закажан состанок помеѓу агентот на Дибала и преставници на Јуве за да ја разледаат неговата иднина.
Тој истакнува дека ПСЖ го „притиска“ напаѓачот, нудејќи му петгодишен договор во вредност од 12 милиони евра годишно.
Дибала има три години од договорот со Јувентус, но известо е дека веќе во наредните денови би можел да го напушти Јувентус, кој и понатаму размислува за доведување на Икарди од Интер.