Дибала и девојка му повторно се позитивни на – коронавирус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала и неговата девојка Ориана Сабатини повторно се позитивни на коронавирус. Фудбалерот на италијанскиот тим на 21 март соопшти дека е позитивен на вирусот, но во претходните денови неговите тестови беа негативни.

Меѓутоа, најновиот тест кој му бил направен покажал дека има присуство на коронавирус, а тоа го потврдила и Ориана.

„На 21 март направивме тест и бевме позитивни. Пред три ена направивме тест кој беше негативен, а потоа уште еден негативен резултат добивме. Меѓутоа, последниот тест кој го правевме, повторно покажа позитивен резултат. И понатаму сме заразени и навистина не знам како ова функционира. Еден тест позитивен, еден негативен…“, вели Ориана.