Дибала ќе добие зголемување на платата по шест месеци во Рома


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот репрезентативец Пауло Дибала ја засили Рома минатото лето и прифати да игра за 4,2 милиони евра годишно, но сега ќе добие зголемување на платата.

Италијанските медиуми пишуваат дека Рома му нуди нов договор на Дибала според кој Аргентинецот ќе добие шест милиони евра годишно и ќе биде најплатен фудбалер во клубот.

Дибала сезонава постигна 10 гола на 16 натпревари за Рома, иако пропушти дел од сезоната и поради повреда.

Новиот договор меѓу двете страни се очекува да биде потпишан до крајот на јануари или на почетокот на февруари, откако претходно ќе се договорат сите детали.