Дибала му бакна рака на Мурињо по двата гола за Рома (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалскиот тренер Жозе Мурињо има добар старт на сезоната со Рома, а вчера неговата екипа запиша уште еден триумф, и тоа против Монца со 3-0, а два од головите постигна Пауло Дибала.

Аргентинецот претрча повеќе од 50 метри со топката при првиот гол и успеа да ја затресе мрежата на противничкиот тим, по што стрелаше уште еднаш по одбиена топка о ударот на Тами Абрахам.

Мурињо во 65. минута реши да го замени Дибала, а Аргентинецот притоа му бакна рака на Португалецот.

„Минатата сезона во Рим против Јувентус му кажав на Дибала дека е добар фудбалер и му го повторив истото, а тој се насмевна. Се потсетивме на претходната сезона“, кажа тренерот.