Дибала: Му објаснив на Роналдо зошто го мразиме во Аргентина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер од редовите на Јувентус, Пауло Дибала полека но сигурно закрепнува од коронавирусот.

Додека се уште е во изолација, фудбалерот даде интервју за арегнинските медиуми и зборуваше за многу работи меѓу кои беше и Криситјано Роналдо.

Дибала даде искрен одговор и посочи дека му кажал на Роналдо дека го мразат во Аргентина поради начинот на кој игра и дека за нив Меси е број еден.

„Зборувам со него често. Еднаш му реков: „Кристијано, ние во Аргентина малку те мразиме. Поради начинот на кој играш, одиш и се однесуваш…“. Кај нас Меси е број еден и јасно му беше зошто тој не е баш драг кај аргентинскиот народ“ –порача Дибала.