Дибала најмногу го слави заминувањето на Алегри и пристигнувањето на Сари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пауло Дибала не играше премногу во претходната сезона во дресот на Јувентус и се шпекулираше дека би можел да замине од италијанскиот шампион.

Дибала пред две сезони беше стандарден член во екипата на Максимилјано Алегри, но тоа се смени минатата сезона.

Сепак, ситуацијата се промени, откако Јувентус реши да му се заблагодари на Алегри за соработката, а на негово место стигна Маурицио Сари.

„Калчомеркато“ објави дека Сари не сака да купува нови напаѓачи, зашто сака Дибала да игра во врвот на нападот, а таму лани настапуваше Марио Манџукиќ.

Дибала треба да добие место на прв напаѓач, додека резерва најверојатно ќе му биде Гонзало Игуаин.