Дибала призна од кои три клуба имало понуди: Имаше понуди, но едноставно не сакав…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Офанзивецот на Јувентус, Пауло Дибала истакна дека минатото лето имал различни понуди за да го напушти Торино, но сметал дека не може да си оди по само една лоша сезона.

Аргентинецот минатата сезона имаше само пет голови и четири асистенции, па затоа од Јувентус се согласија да го продадат.

„Јуве едно време не сметаше на мене, тогаш се појавија приказни за Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Потоа во се се вклучи и ПСЖ, но мојата желба беше да останам. Имав лоша сезона и не сакав така да ме паметат. Немаше да биде фер да одам во таков момент зошто Јувентус ми даде многу убави спомени“ –изјави Дибала.

Оваа сеозна Аргентинцот е далеку подобар и веќе има 13 погодоци и 12 асистенции на вкупно 34 натпревари.