Дибала со исповед околу коронавирусот: Едвај дишев…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус, Пауло Дибала беше еден од играчите кои настапуваат во Серија А и кои беше позитивен на коронавирусот.

Тој и неговата девојка, Ориана Сабатини, беа заболени од вирусот кој во моментов пустоши ширум светот.

Дибала изјави дека сега е добро, но дека во еден период едвај можел да земе здив и се чувствувал многу слабо.

„Имав силни симптоми, но денес се чувствувам многу подобро. Сега можам да се движам подобро, а почнав и да тренирам. Претходно едвај можев да дишам, не можев да сторам ништо по само пет минути.  Моите мускули ослабнаа, но за среќа сега сме добро со Ориана“ –изјави Дибала.