Дибала во преговори за нов договор


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Дибала минатото лето беше на трансфер листата, но како што наведува Тутоспорт, Старата дама сфати дека тоа е голема грешка и сега му нуди нов договор и тоа до летото 2025. година.

Одличниот крилен фудбалер бара во новиот договор да има плата од 10 милиони евра на годишно ниво и ако му се исполни ова барање ќе стане еден од најплатените играчи во Италија.

Минатото лето се поврзуваше со заминување, а заинтересирани клуби имаше многу, од ПСЖ па до Манчестер Јунајтед. Сепак, на крајот остана и во актуелната сезона со 11 голови и 11 асистенции во 28 натпревари.

Во Торино дојде во летото 2015. година од Палермо, за 40 милиони евра.