Дибиров се премисли и потпиша нов договор со Вардар!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рускиот ракометар Тимур Дибиров ќе остане во редовите на македонскиот шампион барем уште една сезона, откако потпиша договор до јуни 2023 година.

Дибиров кажа дека ќе замине од Вардар, меѓутоа се премислил и планира да ја игра 10. сезона во „црвено-црниот“ дрес.

„Среќен сум што отанувам во Вардар. Не можам да се замислам во друг дрес и друг клуб. Им благодарам на сите за поддршката што ми ја даваат. Со клубот се договоривме за продолжување на соработката и заедно да постигнуваме резултати како и досега“, кажа Дибиров.

Левото крило дојде во Вардар во 2013 година и оттогаш има освоено седум шампионски титули и седум куп титули. Покрај тоа со Вардар трипати го освои Супер купот на Македонија, четирипати беше победник на СЕХА лигата и двапати беше европски првак.